Сарај доби милионер благодарение на точни прогнози на пониските англиски лиги

Прогнозер кој уплатил тикет во објект на Sport Life во скопски Сарај, со право може да се пофали дека е мајстор за типување на мечеви од англиската трета и четврта лига по ранг, бидејќи тоа му донесе добивка од дури 1 милион денари, и тоа без бонус.

Уплатата изнесува 400 денари, а а тикетот се шест меча кои се играа синоќа на терените во Англија, поточно во Лига 1 и Лига 2. Играно е на конечен тип, квотите се од 2.85 најмалата до 4.35 најголемата.

Овој играч од Сарај погодил дека на мечот Бристол роверс – Свиндон ќе победат гостите (средбата заврши 0-1), за Нортхамптон – Оксфорд јунајтед има типувано кец, (1-0), за Бароу – Гримсби двојка (0-1), како и за дуелот Карлајл – Лејтон ориент (0-1), а единици чекал и на Олдам – Ексетер (2-1) и Блекпул – Питерборо (3-1).

Пет од шесте меча завршија со минимални победи на тимовите на кои типувал играчот, а најкритично му било на Карлајл – Лејтон ориент каде победничкиот гол на гостите падна во 88-ма минута. На другите мечеви, головите за водство паднаа порано, па тука стравот бил да не се случи изненадување.

Во секој случај, мајсторски одиграно и заслужена е добивката од милион денари.

- Оглас -

Најнови вести