Сасуоло наеднаш се разбуди од зимскиот сон и ги гази фаворитите (Видео)

Сасуоло направи ново изненандување во Серија А и вечерва на „Мапеи“ како домаќин ја победи Аталанта со 1:0.

Екипата од областа Емилија Ромања во минатото коло го декласира Милан со 5:2 за првокласна сензација на „Сан Сиро“ и ја прекина серијата од 8 меча без победа.

Денеска умешно го искористија моментот против популарната Ла Деа и исклучувањето на Јоаким Меле во 30. минута и победија со голот на Арман Лориенте во 55. минута.

Погодокот на францускиот интернационалец можете да го погледнете ОВДЕ.

Во финишот на мечот беше исклучен и Муриел, па Аталанта го заврши мечот со деветмина на терен.

Аталанта со овој пораз и дефинитивно отпадна од трката за титулата, иако шансите беа мали и пред стартот на 21. коло.

Паднаа на шесттото место со 38 бода, 15 помалку од лидерот Наполи и со меч повеќе.

Сасуоло е на 15. место со 23 бода, десет над зоната за испаѓање, но исто така со еден меч повеќе одиграно.

 

- Оглас -

Најнови вести