Сè беше во знакот на Марадона, па дури и обидот на Меси да репризира „Божја рака“ (фото+видео)

Барселона ја потопи Осасуна со 4-0, Меси конечно постигна гол од игра, и тоа прекрасен, а му го посвети токму на својот идол кој почина пред неколку дена, Диего Марадона.

Каталонците на „Камп ноу“ се простија од аргентинскиот великан кој своевремено ги бранеше нивните бои, а дека сè беше во знакот на Марадона, потврдува моментот при првиот гол на Брајтвајт.

Имено, Меси се обиде со рака да ја удри топката, небаре да ја репризира „Божјата рака“ на Марадона, но за среќа капитенот не ја допре топката која некако влезе во голот.

https://twitter.com/HagridFCB/status/1333042136930000907

https://twitter.com/alt0rm3y/status/1333041450238480386

Инаку, погодокот на Меси е речиси идентичен со еден од многуте на Марадона кој ги постигна во дресот на Њуелс олд бојс. Дон Диего при сличен продор заби со послабате десна нога, а движењето на Меси е идентично, само што најдобриот играч на Каталонците шутираше со левата нога.

- Оглас -

Најнови вести