Се буди нападот на Реал Мадрид, но прв стрелец во тимот е и Валверде (Видео)

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога против Хуеска, и со победата од 4-1, се искачи на првото место на табелата во шпанската лига. Реал од февруари немаше дадено четири гола. Добра вест за Реал е што нападот почна да функционира, на последните три меча Кралевите дадоа девет гола. Од друга страна, Реал прима гол на пет меча по ред, што е потврда дека одбраната не им е цврста како минатата сезона.

Карим Бензема денеска беше двоен стрелец и стигна до бројка од три гола сезонава во Ла Лига, а исто толку има и Феде Валверде кој игра во средниот ред. Валверде првпат имаше и гол и асистенција на ист меч. Реал и Хуеска играле трипати, и Хуеска нема освоено бод.

Гол серијата ја отвори Еден Азар со прекрасен шут од далечина, што е прв гол за него по пауза од речиси 400 дена.

Ова е голот на Валверде со кој Реал поведе со 3-0:

https://twitter.com/i/status/1322542297792368640

- Оглас -

Најнови вести