Се чека само уплата на 55 милиони евра – Ван Де Бек се договори со Реал Мадрид

Дони Ван Де Бек се договори со Реал Мадрид и се чека само потпис на договор што кралскиот клуб ќе го чини околу 55 милиони евра.

Ајакс продаде уште еден фудбалски бисер од својата позната фудбалска Академија и ќе инкасира одлична сума на пари за трансферот на 22-годишниот играч од средниот ред.

Ван Де Бек блесна во ланската сезона со настапите во Лигата на шампионите, кога и тој и соиграчите и Ајакс беа хит и стасаа до полуфиналето. На патот дотаму го елиминираа и Реал Мадрид, а Дони остави силен впечаток кај Реал, клуб што сакаше да го ангажира уште лани летото.

Сега според шпанските медиуми кралскиот клуб успеа да го ангажира и останува само формалност до преселбата на холандскиот репрезентативец на „Сантијаго Бернабеу“.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести