Се чекаше негова реакција: Само два жолти, гушкање на крајот… Зарем ова личеше на дерби?

Рој Кин како и секогаш не штеди критики кога Манчестер јунајтед не прикажува добра игра, а особено беше разочаран од денешното дерби против Манчестер сити во кое не се виде ниту еден погодок.

На иконата на Црвените ѓаволи воопшто не му се допадна тоа што играчите беа пријателски настроени по завршувањето на натпреварот.

„Како овој меч може да се нарече дерби кога имаше само два жолти картони? Играчите на двете екипи се смешкаа и си разговараа како да не се дојдени да победат за клубот. По мечот тие се гушкаа како другари. Едноставно сум фрустриран, воопшто не ми се допаѓаат фудбалери кои се насмеани додека се на теренот“, истакна Кин.

- Оглас -

Најнови вести