Се е лесно кога си млад – Јанг со иста финта како Димитријевиќ ги збуни Нагетс (Видео)

Тре Јанг на речиси идентичен начин како Нено Димитријевиќ воодушеви со потегот на ноќта во НБА лигата, а двајца кошаркари на Денвер нагетс беа исфрлени од рамнотежа од младиот бек на Атланта хоукс.

Со финта што ги збуни Морис и Портер, Јанг успеа да изведе вистинско шоу и постигна и поени од табла.

Неодамна сличен потег имаше и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ за Хувентуд против Барселона во меч од најквалитетната шпанска лига.

 

- Оглас -

Најнови вести