Се наѕира новиот претседател на Барселона, а тоа значи дека Меси може да остане

Жоан Лапорта води убедливо со 57,83% од вкуно 82,659 отсто од изброените гласови на изборите за нов претседател на Барселона. Кандидатите Виктор Фонт и Тони Фреиша се во огромна негатива според бројот на гласови, па веќе почнаа да се упатуваат честитки кон старо-новиот претседател.

Некогашниот прв човек на клубот речиси сигурно се враќа на функцијата, а тоа ги зголемува шансите на Лионел Меси дека може да остане во клубот и по крајот на новата сезона.

Една од главните точки во кампањата на Лапорта беше токму убедувањето на капитенот на продолжи да ги брани боите на Барселона, по што останува да се види како Лапорта ќе издејствува во овој случај, односно дали ќе го одржи зборот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести