Се одржа првата трка во велосипедизам во ерата на Коронавирусот, но само виртуелно

Пандемијата со Коронавирусот на еден начин е и добра ако се земе предвид дека спортот трпи револуционерни промени. Вчера се одржа 104-тото издание на една од најтешките трки во велосипедизам, „Трката околу Фландрија“ во Белгија, а во виртуелното издание победник беше домаќинот Грег ван Авермет.

На денот кога требаше да се одржи трката на белгиските патеки, организаторите приредија трка од дома со помош на симулациски велосипеди и виртуелна патека со помош на платформата „БКоол“. Дури 13 возачи седнаа на симулациските велосипеди и возеа 32 километри, а Ван Авермет се истакна како победник, иако на почетокот заостануваше зад противниците.

Иако е само виртуелно, оваа трка ќе се запише како прва која се одржа во ерата на Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести