Се подготвува голема размена меѓу Реал и Тотенхем

Кристијан Ериксен одби да го продолжи договорот со Тотенхем, а тоа значи само едно – сака да си замине од лондонскиот клуб. Данскиот репрезентативец има договор до крајот на сезоната, што значи дека ако не ја продолжи соработката, во јуни 2020 година ќе биде слободен играч.

Тоа е сигнал дека Тотенхем ќе мора да го продаде Ериксен во јануарскиот преоден рок за да успее да добие некое евро од неговото заминување. За еден од најдобрите играчи на Тотенхем интересот е голем, а како прв кандидат е Реал Мадрид.

Кралскиот клуб веќе се обиде да го купи Ериксен, но лондончани бараа 70 милиони евра за отштета. Сега стратегијата е поинаква. Од Реал ќе понудат размена на играчи во јануари. За да го добијат Ериксен, тие во Лондон се подготвени да го пратат Иско. Шпанскиот репрезентативец ја нема довербата кај Зинедин Зидан и не е во првиот тим на Реал, па заминувањето во Тотенхем би било добра опција за него.

Доколку Тотенхем ја прифати оваа понуда, нема да добие пари за Ериксен, но ќе добие солиден играч. Ако англичаните одбијат да го дадат Ериксен во јануари, тогаш на крајот од сезоната ќе останат и без пари и без играч.

- Оглас -

Најнови вести