Сè поизвесно дека утре нема да играат Сампдорија и Рома

Дуелот меѓу Сампдорија и Рома кој утре попладне во 15 часот треба да се игра во Џенова е под знак прашалник. Во последниве неколку денови во областа Лигурија паѓа обилен дожд, кој предизвика и поплави.

Од поројниот дожд, теренот на стадионот во Џенова е под вода, а се најавува и дека врнењето ќе продолжи и во лседните 24 часа. Градските власти веќе дадоа предипредување дека освен поројниот дожд, за утре попладне се најавуваат и грмотевици, што би било дополнителна пречка за нормално одигрување на закажаниот натпревар.

Извештаите од локалните метеролози велат дека од 15 октомври до денеска, на подрачјето на Џенова наврнало 732,2 мм дожд, додека во претходните 10 месеци од годината, вкупните врнежи на дожд изнесувале 851,4 мм. Тоа значи дека за три дена има наврнато речиси идентично дожд колку во претходните 10 месеци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести