Се појави првото интервју на Меси во кариерата (Видео)

Аргентинскиот фудбалски клуб Њуелс олд бојс објави една интересна снимка на која се гледа како малиот Лионел Меси дава изјава по натпревар кој е игран пред 20-тина години и тоа е можеби првото појавување на Меси на телевизија во кариерата.

Меси е избран за играч на натпреварот, па од него беше побарано да даде кратка изјава во која тој се претстави, кажа како течела акцијата која тој ја заврши со гол и дека голот го посветува на семејството и на сите коишто го познаваат.

Денеска Меси е еден од најдобрите во историјата, а во времето на оваа снимка беше талентирано 13-годишно дете од Аргентина, една година пред да се пресели во Барселона. За младинските категории на Њуелс, Меси има дадено 234 гола на 176 меча.

Од овие неколку момчиња родени 1987 година кои играа заедно со Меси во Њуелс, сите имаа некакви фудбалски кариери, но само Лео стана голема ѕвезда.

https://twitter.com/i/status/1456712620686381057

- Оглас -

Најнови вести