Се повторува историјата од 2009 година, но сменети се околностите

Пред десет години, во четвртфиналето на Лигата на шампионите беа четири англиски екипи, а меѓу осумте најуспешни беа и Барселона и Порто. Тоа се случува и сега. Тогаш финалето се играше во главен град (Рим), така ќе биде и оваа година (Мадрид).

Пред една деценија, во финалето играа Лионел Меси против Кристијано Роналдо и славеше Барселона предводена од тренерот Пеп Гвардиола. Дотука сè им оди во прилог на Каталонците.

Но, разликата е што сега Роналдо е во Јувентус, а Гвардиола во Манчестер сити. Фановите на Јуве ќе сакаат да веруваат дека тие ќе бидат барем финалисти, а суеверните навивачи на Сити ќе чекаат повторно Гвардиола да ја освои титулата, додека поддржувачите на Јунајтед исто така веруваат дека тимот може да оди до крај како пред 10 години.

Во таа 2009 година, во четвртфиналето беа и Баерн и Вилјареал, а сега се Ајакс и Јувентус. Има разлика и кај англискиот квартет. Пред десет години беа Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челзи и Арсенал, сега на местата на лондонските тимови се Тотенхем, како гордост на Лондон, и Манчестер сити.

Една година порано, во 2008, исто така во четвртфиналето беа четири тима од Англија и Барселона, а тогаш Роналдо како „црвен ѓавол“ го елиминираше тимот на Меси во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести