Се распаѓа ли АБА лигата? Црвена Звезда не сака да го игра финалето

Раководството на јадранската АБА кошаркарска лига го објави распоредот на натпреварите за финалето од плеј-офот на регионалното натпреварување. Таму веќе е пласирана Црвена Звезда, а вториот финалист ќе се знае откако ќе се одигра мајсторката помеѓу Партизан и Цедевита Олимпија.

Од кошаркарскиот клуб Црвена Звезда повторно преку соопштение регираа дека нема да го играат финалето ако останат овие термини, и остануваат на терминот дека финалето треба да се игра дури откако ќе заврши финалето на плеј-офот на српското првенство.

Според одлуката на АБА лигата, финалната серија треба да започне на 12-ти Јуни.

- Оглас -

Најнови вести