Се роди потенцијална идна успешна тенисерка

Тенисерот Фабио Фоњини и неговата сопруга и тенисерка Флавија Пенета добија ќерка и таа е нивно второ дете. Италијанците во 2017 година првпат станаа родители, кога го добија синот Федерико, а ќерката ја крстија Фара.

Флавија се породи во Барселона, а на породувањето присуствувал и Фабио, кој веднаш се пофали на социјалните мрежи и ѝ изрази љубов на жена му. Со вакви гени, Фара кога ќе порасне ќе има предиспозиции да биде тенисерка, и тоа позната како нејзините родители, а нема да биде изненадување ако некоја обложувалница и почне да прима облози за тоа дека Фара еден ден ќе освои голем турнир.

Дали овој настан ќе ги расипе плановите на Фоњини, ќе се знае наскоро. Тој сакаше да игра на АТП-купот во Бризбејн, кој почнува за 11 дена, но дали ќе отпатува за Австралија толку рано, останува да се види.

- Оглас -

Најнови вести