Се сеќавате на „ѕверот“ Баптиста? Доби отказ од Клуж по 43 минути

Бразилскиот напаѓач Жулио Баптиста важеше за „ѕвер“ во зенитот на својата кариера, во времето кога ги бранеше боите на Реал Мадрид, а подоцна и на Арсенал. Впрочем, „ѕвер“ му е и прекар, но очигледно годините го стигнаа, па веќе не е во можност да ги „крши“ противниците како порано.

Баптиста пред да ја заврши професионалната кариера, на 37 години одлучи да помине уште една авантура, само што Романија не се покажа како добар избор. Тој изминатото лето потпиша за Клуж, а за да дебитира во тамошното првенство чекаше дури до октомври. Претходно одигра безначајни 22 минути во квалификациски меч за Лигата на Европа против Дуделанж, додека во романскиот шампионат на два меча одигра вкупно 21 минута.

И по 43 минути вкупно време поминато на теренот како член на Клуж, тој го напушти клубот. Двете страни заемно се договорија на раскинување на соработката, Романците не сакаа да плаќаат 52.000 евра месечно на играч кој не ги оправдува средствата. Причина за неговото стагнирање е повреда на левото колено, како и недостатокот на физичка погдотвеност, па заминување од Клуж беше логична одлука.

Најголем впечаток остави во дресот на Севилја, каде што на 73 натпревари постигна 43 погодоци, а како најголем успех ќе ја памети двојната круна со Реал Мадрид во сезоната 2007/08, освојувајќи ги првенството и Купот во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести