Се шири англискиот хоризонт за Барди – И Фулам има понуда за македонскиот репрезентативец

И Фулам се вклучи во трката за ангажман на Енис Барди со понуда од 12 милиони евра испратена на адреса на Леванте.

Англискиот хоризонт се прошири на два клуба, откако претходно шпанските медиуми објавија дека и Арсенал е заинтересиран за ангажман на македонскиот репрезентативец.

Засега сè уште нема одлука ниту од Барди ниту од Леванте за евентуален трансфер, а двете понуди се движат од 12-15 милиони евра.

Откупната клаузула за Енис во договорот со Леванте е многу повисока и изнесува 50 милиони евра, а се најавува дека Леванте би го продал за двојно помала сума, односно за 25 милиони евра.

Ако се реализира таков трансфер, тоа би бил рекорд во историјата на македонскиот спорт. Неофицијално за услугите на одличниот играч од средниот ред интерес има и од Фиорентина, но и од Ајнтрахт Франкфурт.

Леванте го купи Барди од Ујпешт во 2017 година, веднаш по завршувањето на младинското Европско првенство во Полска за сума од 1,5 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести