Се шири опасно – И квартет на Бруклин нетс позитивен на Коронавирус

Бруклин нетс објави дека четворица кошаркари од оваа франшиза имаат симптоми на Коронавирус. Едниот од нив има само симптоми, а останатите тројца биле позитивни на тестот од опасниот вирус.

Имињата на кошаркарите не се објавени, а во соопштението на Нетс се истакнува дека веднаш квартетот играчи е ставен во изолација.

Претходно во НБА-лигата имаше два случаи со Коронавирус во Јута џез, а сè почна со Руди Гобер, кој беше првиот кошаркар во најсилната лига заразен со вирусот. Тоа беше иницијалната каписла за прекин на лигата, а по него е и неговиот соиграч Донован Мичел.

Потоа и Детроит пистонс објави дека еден кошаркар е заразен со Коронавирус, но и тие не го именуваа, а сега е и случајот со квартетот играчи во Бруклин нетс.

- Оглас -

Најнови вести