Се славеше низ цела Македонија, но посебно весело беше пред куќата на Горан Пандев (Видео)

Македонија од синоќа е во фудбалска еуфорија. Пласманот на Европското првенство кое се чекаше 27 години, ги разбуди сите спортски страсти, па илјадници фанови излегоа низ улиците во сите градови да прослават.

Во Скопје беше лудница. Навивачите со автомобили и развиорени знамиња славеа низ целиот град.

Сепак, посебна фешта се случуваше во Струмица и тоа пред куќата на капитенот Горан Пандев. Струмичани знаат кој е најзаслужен за пласманот на Македонија на ЕП, па со зурли и тапани се собраа пред куќата на Пандев и го славеа големиот успех.

 

- Оглас -

Најнови вести