Се случи чудо: Прв пат сезонава Салах и Мане соработуваа за гол на Ливерпул

Ливерпул го победи Саутхемптон со 2:0 во меч од 35. коло на Премиер лигата. Со овие три бода, тимот на Јирген Клоп ги задржа шансите да се бори за едно од првите четири места на табелата. Иако сега Ливерпул заостанува шест бодови зад четвртиот Лестер, тимот од „Енфилд роуд“ има уште еден меч за играње, а тоа е дербито против Манчестер јунајтед.

Вечерашниот дуел против Саутхемптон го одбележа соработката меѓу Мохамед Салах и Садио Мане. За прв пат сезонава, овие двајца комбинираа во постигнување на погодок на Ливерпул во Премиер лигата. Салах центрираше, а Мане со глава погоди за 1:0.

Последен пат кога ова дуо учествувало со асистенција и погодок беше во јуни минатата година, на дуелот против Кристал Палас, во рамките од ланското првенство.

Победата на Ливерпул а запечати Тиаго Алкантара со погодок во 90 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести