Се сврте и без размислување изведе мајсторија (видео)

Пријателските натпревари служат за тестирање на тактики и испробување несекојдневни идеи. Абдулахамид Сабири, фудбалерот за врска на Сампдорија, си ја проба среќата во контролката против Бешикташ, па неговиот обид од центар се покажа како вистински потег.

Сампдорија дојде до посед на топката, а Сабири само за момент провери како е позициониран противничкиот голман и потегна од прва, за хируршки презицен гол. Инаку пријателскиот меч заврши со конечни 1-1, за Бешикташ погоди Вегхорст.

- Оглас -

Најнови вести