Се врати пенал модата на Меси и Суарес – Вчера Реал се посрамоти, вечерва Нејмар и Икарди едвај се разбраа (Видео)

Модата на Меси и Суарес, кои успешно го изведоа чудниот пенал со асистенција наместо директен удар, беше повторена на два меча во кус рок за помалку од 24 часа.

Синоќа Серхио Рамос и Карим Бензема се посрамотија, но ВАР системот помогна да се изведе пеналот за Реал Мадрид против Вилјареал повторно, а вечерва и Нејмар и Икарди едвај се разбраа со истиот штос.

На пријателскиот меч против Беверен дуото напаѓачи на Пари Сен Жермен се обидоа со истиот трик на Меси и на Суарес од 2015 година на мечот меѓу Барселона и Селта и едвај успеаја да постигнат гол.

Нејмар го изведе пеналот, кусо му додаде на Икарди, чиј удар едвај го најде патот до мрежата на белгискиот тим.

Пеналот можете да го погледнете ОВДЕ.

ПСЖ и Беверен играат пријателски меч по принцип четири полувремиња по 30 минути, а францускито првак води со 7:0.

- Оглас -

Најнови вести