Се знаат ли веќе два четвртфинални пара, осминафиналињата ќе бидат зицери за фаворитите?

Оние обложувачи-зихераши, кои не играат на многу големи квоти, туку „одат на сигурно“, сигурно се задоволни од изгледот на досега познатите четири осминафинални двојки на Светското првенство во Катар.

Холандија е голем фаворит против САД, Аргентина не би смеела да направи кикс против Австралија, најверојатно и Англија ќе го мине Сенегал, а чудо би било и ако актуелниот првак Франција биде елиминиран од Полска.

Веројатно некои од другите четири осминафинални двојки ќе бидат понеизвесни, но овие четири делуваат како „сигурици“ и многумина уште сега замислуваат како би изгледале четвртфиналињата Холандија – Аргентина и Англија – Франција.

- Оглас -

Најнови вести