Себалјос одлучи за кој лондонски клуб сака да игра

Реал Мадрид и Арсенал доцна вечерва играат пријателски меч, а клубовите денеска веројатно ќе си подадат рака за позајмица на Даниел Себалјос, плејмејкерот на младата шпанска репрезентација.

Од клубот од Мадрид не сакаа да го продадат Себалјос, во него гледаат иднина, па затоа решија само да го позајмат и тој следното лето поподготвен и со повеќе искуство да се врати во Реал.

Битката за добивање на позајмениот Себалјос ја водеа Арсенал, Милан и Тотенхем. Пресудило тоа што сонародникот на Себалјос, Унаи Емери, кој е тренер на Топчиите, му ветил дека ќе игра повеќе од 40 меча во претстојната сезона.

Веројатно Дани уште денеска ќе оди на лекарски прегледи, а интересно е што вечерва, поточно во 1 часот по полноќ, Реал и Арсенал меѓу себе играат пријателски меч.

- Оглас -

Најнови вести