Седлоски ја освои најчудната титула во кариерата

Гоце Седлоски ја освои најчудната титула во кариерата и без да ги предводи јуниорите на Динамо Загреб на ниту еден меч, се закити со трофеј по контроверзна одлука на ХНС.

Првенството беше прекинато во март поради пандемијата со корона-вирус и не се доигра, а Хајдук беше прв со 42 бода, со подобра гол-разлика од Динамо, подобар меѓусебен биланс и два бода предност, но со меч повеќе.

Од раководството на Хрватскиот фудбалски сојуз, ХНС, побараа помош од УЕФА за да прогласат јуниорски првак, но добија препорака сами да одлучат и Динамо на чуден начин стана првак.

Седлоски во периодот до прекинот на првенството не беше тренер на тимот, а откако Игор Јовичевиќ беше прекомандуван за прв тренер на Динамо Загреб, нашиот поранешен репрезентативец го наследи кај јуниорите.

Прв тест, и тоа голем, ќе му биде четвртфиналето во младинската Лига на шампиони против Бенфика на 18 август. Ќе се игра нокаут-меч за полуфинале во Нион и ако Седлоски и неговите избраници успеат да ги минат португалските Орли, би играле за финале против подобриот од дуелот меѓу Митјиланд и Ајакс.

Мечот за титула е закажан за 25. август.

- Оглас -

Најнови вести