Седум голови и прва суперкуп титула за најтрофејниот бразилски клуб!

Палмеирас за првпат во својата клупска историја го освои Суперкупот на Бразил, откако синоќа со 4-3 го победи Фламенго во дуел на два тима со португалски тренери.

Интересно е што Палмеирас е најтрофеен бразилски клуб, има 17 национални титули, а дури сега првпат го освои Суперкупот.

Головите за Палмеирас ги дадоа Рафаел Веига и Габриел Менино по два, додека за Фламенго два гола даде Габриел „Габигол“ Барбоса, а еден Педро. Со ова, Палмеирас му се реваншираше на Фламенго за поразот во Суперкупот во 2021 година.

Седмиот гол падна во 74-та минута, имаше и девет минути судиско продолжение, но резултатот остана 4-3 за тимот од Сао Пауло во чии редови е и тинејџерската ѕвезда Ендрик кој кога ќе наполни 18 години, ќе почне да игра за Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести