Кристијано Роналдо се врати во Манчестер јунајтед каде играше од 2003 до 2009 година, но овојпат нема да може да го носи неговиот омилен дрес со бројот 7 на грбот, бидејќи седумката е зафатена од Единсон Кавани. Португалецот ќе ја добие омилената седумка само ако клубот го продаде Уругваецот, но тоа е малку веројатно.
Зафатен е и бројот 9 кој Роналдо го носеше на почетокот во Реал Мадрид, го има Антони Марсијал. Слободни броеви во Јунајтед се само неколку броеви, и тоа 12, 15, 24, 30, 31, 33, 35, 40, како и броевите од 41 до 99.
Можеби фаворит е бројот 28, кој Роналдо го носеше во Спортинг Лисабон во својата прва сезона како професионален фудбалер. И 28-ката е зафатена, но се очекува Факундо Пелистри да биде продаден или позајмен.