Сега Клиперс е фаворит за титулата во НБА, а зад него се Милвоки и Лејкерс

Доведувањето на ѕвездите Каваи Ленард и Пол Џорџ, кои се родени во Лос Анџелес и освен напад, добро играат и одбрана, па од ЛА Клиперс преку ноќ направија кандидат број 1 за титулата во НБА лигата, барем според квотите во обложувалниците во Лас Вегас.

Кога Ентони Дејвис му се придружи на Леброн Џејмс во Лејкерс, а се најавува и ангажирање на еден ол-стар бек, „езерџиите“ беа главни фаворити, но веќе не е така, и сега нивниот градски ривал е најсериозен конкурент.

За еден вложен долар, ако Клиперс стане првак, ќе добиете три. Следува Милвоки со квота 4.5, па Лејкерс со 5, Филаделфија со 8, Голден стејт и Хјустон со по 12, а најмали шанси им се даваат на Шарлот, Вашингтон и Кливленд, за кои коефициентот е 1.000.

Интересно е што Бруклин нетс е изедначен со Индијана и Мајами, со квота од 40. Нетс потпишаа договори со Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и Деандре Џордан, но не се во првиот ред кандидати за титула, бидејќи повредениот Дурант ќе пропушти голем дел од сезоната.

Кај коефициентите за наградата МВП, најголеми шанси му се даваат на Јанис Адетокумбо, па на Стеф Кари, Џејмс Харден, Ентони Дејвис и Никола Јокиќ.

- Оглас -

Најнови вести