Сега се смешкаат, ама како ќе им биде во јуни?

Изгледот на групата Ф, предизвика најголеми реакции после ждрепката за Европското фудбалско првенство кое ќе се игра следната година во 12 земји. Светскиот првак Франција, европскиот Португалија и повеќекратниот европски и светски првак Германија, ќе бидат во иста група, а може да се случи Македонија да биде четвртиот член во тоа друштво.

Европското првенство стартува на 12 јуни со меч во Рим помеѓу Италија и Турција.

Досега само двапати се случило финалистите од претходното ЕП, да бидат во иста група на наредното, а вторпат се случува во група да се најдат последните два светски шампиони. Со право оваа група се нарекува „група на смртта“. Вториот во осминафиналето ќе игра со првиот од групата во која се Англија и Хрватска.

Задоволство од ждрепката има кај Шпанците кои освен што добија поволна група, во осминафиналето избегнуваат вкрстување со третиот од групата во која се Германија, Франција и Португалија.

- Оглас -

Најнови вести