Сеир на денот: Претседателот мора да гледа, макар и качен на кран (Фото)

Интересна ситуација се случи денеска во Истанбул, каде што претседателот на фудбалскиот клуб Адана Демирспор средбата на својот тим ја гледаше од голема висина, качен на кран. Претседателот Мурат Санџак беше задоволен од победата од 3-2 против домашниот Умранијеспор бидејќи Демирспор ги задржа шансите за пласман во првата турска лига. Во последното коло треба да надоместат еден бод негатива во однос на вториот Ерзурум.

Мечевите во Турција се играат без публика, но Санџак сакаше да гледа по секоја цена, па изнајми дигалка.

Кога станува збор за љубов кон клубот, времето и местото не се важни.

- Оглас -

Најнови вести