Сеќавање на најголемото пријателство во светот на спортот: Малиот Бредли засекогаш остана во срцето на Дефо

Со насмевка на лицето и дрес на Сандерленд, малиот Бредли Ловери стана симбол на едно од најдобрите пријателства во светот на спортот. Детенцето кое имаше само шест години, стана неразделив пријател со некогашниот англиски репрезентативец Џермејн Дефо. Тоа беше пријателство кое беше од срце, но повеќе од јасно беше дека нема да трае долго.

Бредли, боледуваше од редов вид на рак и за жал, токму на денешен ден пред две години ја загуби најважната битка. Малиот Ливери замина, но неговиот лик останува да се памти и да биде еден од најомилените.

Уште како 18-месечно бебе на Бредли му било дијагностициран редок вид на рак. Иако постојано по болници и терапии, Бредли како голем навивач на Сандерленд, успеа да се спријатели со Дефо, кој во тоа време беше напаѓач на овој англиски клуб.

Пријателството на Дефо не беше само ради популарност и стекнување на „поени“ на Дефо. Фудбалерот толку многу се спријатели со детенцето, што денот му се сведуваше на прифесионалните обврски и дружење со Бредли.

„Тоа пријателство засекогаш ме промени како човек. Ќе отидам во болница и таму останувавме само јас и тој. Ќе легневме, а Бредли ќе ме покриеше, па заедно ќе си заспиевме. Секој ден сум во контакт со неговото семјество. Тешко ми е да го гледам како пати и како се бори. Знам дека еден ден ќе нѐ напушти, но никогаш нема да си замине од моето срце“, коментираше Дефо за својот вечен пријател.

Фудбалерот го посетуваше Бредли и во неговиот дом. Постојано му носеше играчки, го чуваше, го земаше со него на натпревари. Дури го изнесе на Вембли пред меч на англиската репрезентација. Малиот Бредли уживаше во фудбалската магија со Дефо, иако се ближеше времето да си замине од овој свет.

Пријателството на Бредли и Дефо го обиколи целиот свет. На последниот Божиќ, Бредли доби повеќе од 200.000 честитки од целиот свет. Иако лекарите не му даваа шанси дека ќе го дочека Божиќ, шестгодишното детенце јуначки се бореше и успеа уште шест месеци да издржи. Во својот краток живот, два пати успеваше да го победи ракот, но на крајот се покажа дека тоа не било доволно. Пред крајот на јуни, неговата ситуација се влоши и на сите им беше јасно дека тука е крајот.

Дефо во тие денови потпиша договор со Борнмут, а на прес конференцијата не успеа да ги задржи солзите, откако неговиот мал пријател си замина.

„Тешко е да се најдат зборови за да опишам колку многу ми значеше тоа детенце. Начинот на кој го изговараше моето име, неговата насмевка, посебно кога знаеше дека го снима камерата. Изгледаше како суперѕвезда. Господ сега те има во неговите раце, но јас те имам во моето срце. Спиј мирно малечок мој, најдобар пријател“, рече Дефо на пресконференцијата по смртта на шестгодишното детенце Бредли Ловери.

Подоцна Дефо го истетовира името на Бредли на својата рака во знак на доживотно пријателство.

https://youtu.be/ZXsgoajIzSw

- Оглас -

Најнови вести