Секоја чест – Муслера пред две недели скрши нога, а веќе почна да тренира (Фото)

Уругвајскиот голман Фернандо Муслера, е жива легенда на Галатасарај, а својата посветеност кон клубот и професионалност ги покажа со тоа што денеска се појави на тренинг со гипс на ногата, и работеше колку што му дозволуваат условите.

Ретки се спортисти кои го прават ова.

Пред само две недели, Муслера на мечот со Ризеспор се здоби со тешка скршеница на ногата, беше опериран, но позитивното расположение не го напушти. Во болница му беше приредено изненадување за роденденот, а сега тој се појави на тренинг и седнат правеше дел од голманските вежби (координација на рацете и очите во сала, и техники за блокирање на терен).

Со ова, 34-годишниот Муслера ги негираше сите шпекулации дека се предал и дека ќе ја заврши кариерата. Во дресот на Галатасарај е веше девет години и има 361 настап.

 

- Оглас -

Најнови вести