Селекторот на Чиле квалитетно се избламира

Селекторот на Чиле Рејналдо Руеда, направи досега невиден лапсус откако беше прашан да ја прокоментира ждрепката за Копа Америка 2019. Актуелниот шампион на Јужна Америка, селекцијата на Чиле, денес ги дозна противниците за континенталниот шампионат кој годинава ќе се одржи во Бразил, а Чиле во групата Ц ќе се бори против Уругвај, Еквадор и Јапонија, која ќе учествува како почесен гостин заедно со Катар.

Токму за Јапонија Руеда мораше да коментира, а истакна дека добро ги познава нивните квалитети, како и нивниот најдобар играч кој настапува за, Тотенхем?!

„Добро ги знаеме, анализиравме неколку нивни натпревари кои ги одиграа во изминатиов период, а посебен акцент ставивме на нивниот најдобар фудбалер кој настапува за Тотенхем“, Рудеа мислеше на напаѓачот на спарси, Сон Хјон Мин.

Ниту Сон е Јапонец, а ниту Тотенхем има јапонски репрезентативец во екипата. Тој е репрезентативец на Јужна Кореја, а Руеда квалитетно се избламира пред новинарите.

- Оглас -

Најнови вести