Селекторот на Норвешка ја „пецна“ Англија: Двајцата најдобри фудбалери не играат во Премиер лигата

По победата над Бразил, Норвешка сега ги чека нов голем предизвик. Норвешка во четвртфиналето на СП 2026 ќе игра против Англија. Селекторот на Норвешка, Столе Солбакен, вели дека неговата селекција нема некоја предност во однос на Англија, иако главните ѕвезди на неговата селекција настапуваат токму во Премиер лигата.

Голгетеорт Ерлинг Халанд, кој досега на Мундијалот постигна седум гола, настапува за Манчестер сити, додека капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, исто така е еден од клучните во таборот на Норвешка. Солбакен не смета дека ова му дава некаков бонус на неговиот тим. Тој дури и нагласи дека најважните играчи на Гордиот Албион се натпреваруваат надвор од Премиер лигата – голгетерот Хари Кејн е во Баерн Минхен, а ѕвездата Џуд Белингам е дел од тимот на Реал Мадрид.

„Не сум сигурен дека тоа може да ни биде предност. Некои од нашите играчи очигледно се соочиле со многу англиски репрезентации, но двајцата најдобри англиски играчи не се во Премиер лигата. Тие се во Шпанија и во Германија, па на работите можете да гледате на тој начин“, рече Солбакен.

- Оглас -

Најнови вести