Селекторот на Португалија порача: Роналдо е подготвен и ќе игра

Фернандо Сантош, селекторот на португалската репрезентација, најави дека Кристијано Роналдо е подготвен и дека капитенот на националниот тим ќе биде на теренот во квалификациите за пласман на Европското првенство во дуелите против Луксембург и Литванија.

„Сите сакаат да зборуваат за Роналдо бидејќи тој е најдобриот фудбалер во светот. Кристијано е тука, повикан е, подготвен е и ќе игра“, рече Сантош.

Оваа изјава на селекторот Сантош доаѓа само неколку дена откако тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, изјави дека на последните два меча на Старата дама го извадил Роналдо од игра затоа што Португалецот бил повреден и се жалел на повреда.

Португалија утре игра против Литванија, а потоа в недела ќе гостува кај Луксембург.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести