5.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Селтик по 120-минутна драма го елиминираше Ренџерс, Миовски одигра 50 минути (Видео)

Селтик со 3:1 славеше над Ренџерс во полуфиналето на Лига купот во Шкотска. Во регуларниот дел мечот заврши 1:1, а во дополнителните 30 минути, Селтик постигна два гола и стигна до победа и пласман во финалето, каде за противник ќе го имаат тимот на Сент Мирен.

Во вечното дерби на Шкотска, Селтик водеше со 1:0 по голот на Кели во 28 минута, а Ренџерс од 38 минута остана и со фудбалер помалку, по исклучувањето на Асгард. Во 71 минута, во тимот на Ренџерс влезе и македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, кој учествуваше во акцијата по која неговиот тим се избори за пенал.

Капитенот на Ренџерс, Таверние погоди од белата точка за 1:1 во 81 минута и победникот во дербито мораше да се решава во продолженија. Таку, капитенот на Селтик, Мекгрегор постигна спектакуларен гол за 2:1.

Сите дилему околу победникот беа решени кога тинејџерот Османд погоди за 3:1 во 448 Олд Фирм дерби, што беше доволно за Селтик да се пласира во финалето на Лига купот.

- Оглас -

Најнови вести