Сенегал најавува играње најмалку во четвртфиналето, квотата за тоа е одлична

Сенегал е репрезентацијата која на терен ја освои титулата на Африканскиот куп на нациите откако во контроверзното финале со 1:0 славеше над домаќинот Мароко. На тој турнир Сенегал само потврди дека има моќен состав од којшто може да се очекува добар настап и на Светското првенство.

Дефанзивецот на Сенегал, Калиду Кулибали, има големи очекувања од настапот на Мундијалот. Тој најавува дека целта е да се повтори успехот од пред четири години, кога Сенегал првпат играше во четвртфиналето на планетарниот собир. Интересно е дека Кулибали дури најави и атак на победа во дуелот против Франција во првото коло од групната фаза.

„Ќе направиме сè што можеме за да победуваме. Треба да го заборавиме тоа што се случи во 2022 година, кога бевме во четвртфиналето затоа што сега е 2026 година. Знаеме дека првиот меч ни е против Франција и ќе се обидеме силно да започнеме на турнирот, а тоа значи победа. Франција е една од најсилните селекции и многу луѓе ќе го гледаат тој дуел“, вели Кулибали.

Фудбалерот кој на клупско ниво настапува за тимот на Ал-Хилал во Саудиска Арабија знае дека со многу труд, професионализам и залагање може да се остварат зацртаните цели.

„Првата цел ни е да стигнеме до четвртфиналето. Секој од нас тоа го сонува. Знаеме дека ова е Светско првенство и ќе биде многу тешко, но ние имаме наша цел. Во составот имаме играчи со талент, класа, скромност, дисциплина, професионализам и тоа е важно за да се стигне далеку. Сакаме да му донесеме радост на народот во Сенегал. Зошто да не стигнеме и до самата завршница?“, оптимист е Кулибали.

Докажани фудбалери како Садио Мане и Николас Џексон треба да бидат главниот адут на Сенегал во нападот. Ако овие двајца проработат и почнат да постигнуваат голови, целта на Сенегал да игра во четвртфиналето сигурно не е неостварлива.

 

 

- Оглас -

Најнови вести