Сенегал погоди од пенал и има резултат за осминафинале, домаќинот повторно губи

Сенегал ја има посакуваната предност во дуелот против Еквадор, во меч од решавачкото трето коло на Светското првенство. Африканската селекција поведе благодарение на голот на Сар постигнат од пенал во 44-тата минута.

Сосема заслужено е водството на Сенегал, кој постојано напаѓаше во првото полувреме и упати дури 12 удари кон голот на Еквадор, од кои четири беа во рамките на голот, а еден заврши во мрежата. Еквадор се реши да се брани и засега тоа не му се исплати, па сега во вториот дел мора да нападне.

Во вториот меч од оваа група, Холандија има предност од 1:0 благодарение на погодокот на Гакбо по 26-тата минута. Доколку Катар не успее да израмни, тој ќе биде првиот домаќин што Мундијалот ќе го заврши без ниту еден освоен бод.

 

- Оглас -

Најнови вести