Сензација на Вимблдон: Во меч кој траеше два дена елиминиран вториот носител!

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач го направи едно од најголемите изненадувања на годинашниот Вимблдон откако во пет сета го исфрли Русинот Данил Медведев во осминафиналето на турнирот. Хуркач, кој е рангиран на 17-тото место на АТП-листата, во меч кој траеше два дена го победи фаворитот Медведев.

https://twitter.com/i/status/1412400826149224451

Подвигот на Полјакот е уште поголем затоа што Медведев имаше водство од 1:0, па и 2:1 во сетови, но на крајот Русинот загуби. По сетови, дуелот кој започна вчера, а беше прекинат поради дожд, потоа и поради темница, заврши со 2:6, 7:6, 3:6, 6:3, 6:3.

За Хуркач ова ќе биде прво учество во четвртфиналето на Вимблдон, а таму го очекува дуел против легендарниот Роџер Федерер.

 

- Оглас -

Најнови вести