Серена не ѝ даде никаква шанса на Стрицова, ја разби за 59 минути

Серена Вилијамс по 11-ти пат во кариерата ќе игра финале на Вимблдон, откако денеска во полуфиналето на гренд-слемот кој се игра на трева, за нешто помалку од еден час ја растури Барбора Стрицова со 6-1, 6-2, и се најде во финалето во кое за ривал ќе ја има Романката Симона Халеп, против која има 9-1 во меѓусебните дуели.

Американката Вилијамс која има 37 години, в сабота ја брка својата осма титула на Вимблдон, а вкупно 24-та во кариерата, со што би го изедначила рекордот во женскиот тенис.

- Оглас -

Најнови вести