Серхио Рамос барал да му на наместат наградата за фудбалер на годината!

Шпанските медиуми објавија дека се појавила снимка на која Серхио Рамос бара од претседателот на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, да му помогне со лобирање да ја добие „Златната топка“ или наградата на ФИФА за играч на годината.

Веројатно станува збор за разговор од 2020 година.

Рамос го убедувал Рубиалес дека е добро за шпанскиот фудбал ако некој Шпанец биде прогласен за играч на годината, и оти треба да фати врски кај Французите или кај Џани Инфантино од ФИФА, за Рамос да биде прв.

Поради пандемијата, преклани не се додели „Златна топка“, а ФИФА за најдобар го прогласи Роберт Левандовски.

 

- Оглас -

Најнови вести