Серија А ќе се доигра со публика на трибините, но без ултраси

Со реванш-дуелите од полуфиналето во Купот на Италија се врати и фудбалот во оваа земја по три месеци пауза. Веќе во претстојниот викенд со натпреварување ќе продолжи и Серија А, секако без пристуство на навивачи како што е во повеќето шампионати во Европа.

Сепак, тоа може да се смени до крајот на сезоната откако претседателот на Iталијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина посочи дека е смислен план да се вратат навивачите на трибините. Можно е од средината на јули, поточно во последните 6-7 кола од Калчолигата, ограничен број на навивачи (од 10% до 25%) да ги заземат местата на празните трибини, притоа да се почитуваат мерките за социјална дистанца.

Иако ова би било голема победа за фудбалот и Италија, земјата која беше најтешко погодена од пандемијата со корона-вирусот во Европа, на трибините ќе недостасува главниот елемент – ултрасите. На тврдокорните навивачи ќе им биде забранет влез на стадионите, кои инаку се заслужни за одличните атмосфери. Ова го потврди министерот за спорт Винченџо Спадафора, надополнувајќи се дека стјуардите не би можеле да ги контролираат ултрасите и воедно да ги регулираат препораките против ширење на вирусот ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести