Серија А нема шанса да продолжи ни на 3 мај

Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора, објави дека фудбалскиот шампионат нема да биде продолжен на 3 мај, како што претходно се најавуваше.

„Фудбалот нема да почне повторно да се игра на 3 мај. Тимовите од Серија А веќе направија грешка, и играа кога требаше да прекинат. Мора сите да разберат дека ништо нема да биде исто како претходно. Децата се навикнаа да се прегрнуваат, да го користат истото шише со вода, но тие работи ќе ги нема уште долго време. Рестартирањето на Серија А на 3 мај е нереално. Ќе предложам блокадата на спортски натпревари од сите нивоа да важи и за цел април“ – изјави министерот Спафадора.

Спафадора кажа и дека платите на фудбалерите се проблем.

„Спортот не е само фудбалот, а фудбал не е само Серија А. Ќе го помогнеме основниот и аматерскиот спорт со 400 милиони евра. Клубовите од Серија А живеат во соништа, проблем се милионите кои им ги даваат на играчите. После оваа криза, нема да биде исто“ – додаде Спадафора.

- Оглас -

Најнови вести