Сетјен е никој и ништо да му командува на Меси, дознал дека ќе биде отпуштен уште пред фијаското против Баерн

Кике Сетјен дојде на малата врата на „Камп ноу“ и си замина низ неа како најголем виновник за катастрофалната сезона која Каталонците ја оставија зад себе. Шпанскиот стратег беше отпуштен по фијаското од 2-8 против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, отказ му се превидуваше и пред тој меч, а вели дека подоцна дознал дека отказ му се спремал и пред срамниот пораз од Баварците.

„Со тој пораз влегов во историјата на Барселона, но не во позитивна смисла. Го преземам мојот дел од одговорноста за тоа посрамотување, а можеби еден ден ќе ги откријам моите сознанија. Утврдив дека управата веќе била подготвена да ме избрка и пред поразот од 2-8 против Баерн Минхен, фијаското само ја прелеа чашата“, посочи Сетјен.

Имаше прилика да го води можеби најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, за кого кажа дека не може да му командува поради неговиот статус на легенда во клубот.

„Во Барселона, како и во секој клуб постои хиерарија. На првото место се клубот и навивачите, потоа претседателот и фудбалерите, па тренерот. Но, ми се чини дека Меси е на првото место на „Камп ноу“. И порано имало легендарни играчи во Барса, но поради придонесот и успесите Меси е недопирлив. Според мене, Лео е најдобар на сите времиња, а штом е така, кој сум пак јас да му кажувам што да прави на теренот. Постојат играчи со кои тешко се соработува, поради знаењето со топката Меси е еден од нив“, додаде Сетјен во интервјуто за шпанскиот лист „Ел Паис“.

- Оглас -

Најнови вести