Севилја е на прагот да доведе и 10-то летно засилување

Севилја започна преговори со португалскиот вицепрвак Порто околу услугите на Оливер Торес. Шпанскиот играч за врска би чинел околу 15 милиони евра доколку се согласи на враќање во родната земја и воедно би бил 10-то летно засилување на Андалужаните.

Севилја досега потроши вкупно 111 милиони евра за трансферите на Дабур, Кунде, Карлос, Окампос, Жордан, Де Јонг, Вебер, Фернандо и Регилон (позајмен од Реал Мадрид), но спортскиот директор Мончи нема намера да престане да му носи нови аквизиции на тренерот Хулен Лопетеги.

Оливер Торес своевремено беше играч на Атлетико и важеше за голем талент, но не ги исполни очекувањата и по две позајмици во Порто остана за 20 милиони евра во редовите на Змејовите. Знаејќи дека преговорите се во тек, трансферот на Торес би требало да се реализира во следните неколку дена.

- Оглас -

Најнови вести