Севилја и Рома ќе играат на стадион на третолигаш, што изгледа прекрасно (Фото)

Шауинсланд-Рајзен арена во Дуисбург денеска од 18.55 часот ќе им биде домаќин на Севилја и на Рома во нокаут меч за пласман во четвртфиналето во Европа Лигата.

Интересно е што на стадионот со капацитет од 31 илјади места игра германскиот третолигаш Дуисбург, па ова ќе биде еден вид на раритет, толку важен меч да се игра на терен на нисколигаш.

Сепак и двете екипи ќе ги имаат сите услови за игра, бидејќи арената е исклучително функционална и модерна и е изградена во 2004 година.

Победникот од денешниот меч меѓу Севилја и Рома ќе остане во Дуисбург и ќе игра уште еден меч на овој стадион, на 11. август. Противник ќе им биде подобриот од реванш-дуелот денеска од 21 часот меѓу Вулверхемптон и Олимпијакос. Волците се домаќини на „Молињу„ и имаат добар резултат 1:1 од првиот меч во Атина.

Изградбата на стадионот чинеше 43 милиони евра, а ова ќе биде веројатно и најголемиот меч што се играл на преубавата „Шауинсланд-Рајзен“ арена во Дуисбург.

 

- Оглас -

Најнови вести