Шахтар го издржа налетот на Кралевите, ВАР не му дозволи на Реал да се спаси од пораз (видео)

Реал Мадрид не успеа да стигне до трет израмнувачки погодок и претрпе шокантен пораз од Шахтар со 2-3 на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите. Кралевите се најдоа во крајно незгодна ситуација и негатива од три гола по првите 45 минути од средбата на „Алфредо ди Стефано“, па останаа кратки во обидот барем да спасат бод.

Реал го претрпе вториот пораз на домашен терен само за неколку дена, откако во изминатото коло во Ла Лига загуби од Кадис со минимални 0-1. Како тоа да не беше доволно, на тимот на Зидан му се случи потоп каков што во Мадрид последен пат е виден пред 15 години, во едно полувреме да прими три погодоци во меч во кој е домаќин.

Тете во 29-тата и Соломон во 42-рата минута го совладаа Куртоа, додека Варан само четири минути по водечкиот погодок на гостите си постигна автогол.

Модриќ во 54-тата намали на 1-3 со прекрасен шут од далечина, а во улога на суперизмена се најде Винисиус јуниор само пет минути по голот на Хрватот. Младиот Бразилец само 7 секунди по влегувањето во игра ја украде топката и реализира за 2-3, па домаќините имаа половина час да се спасат од пораз, но не успеаја.

https://twitter.com/noobfcb/status/1318986701834944515

Се играше втората минута од судиското надополнување кога Валверде ја затресе мрежата на Трубин, меѓутоа погодокот се поништи по реакција од ВАР-собата откако Винисиус му попречи на гостинскиот голман во клучен момент.

Салцбург и Локомотив Москва ремизираа со 2-2, па 9 гола во првите два меча се добра најава за она што следува во 21 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести