Шалке стана тим за потсмев по вчерашниот дебакл од Аугзбург (фото)

Рестартот на првенството во Бундеслигата за Шалке никако не тргна на добро. Тимот од Гелзенкирхен по првите две кола, односно по 26-тото и 27-то коло забележа два порази со гол-разлика 0-7. Од ривалот Дортмунд фудбалерите во сини дресови примија четири гола, а вчера на домашен терен беа посрамотени и од Аугзбург со 0-3.

Некогашниот германски првак стана тим за потсмев по вчерашното фијаско. Дури и нивниот противник зеде замав и се сеирџеше на нивна сметка. Аугзбург на „Твитер“ објави две фотографии од амблемот на Шалке, со тоа што на втората фотографија 04 е сменето со 03, односно вчерашниот резултат.

- Оглас -

Најнови вести