Шампионот го тепа кој стаса – Ливерпул загуби и од Фулам во црна серија што е историска (Видео)

Со голот на Марио Лемина во 45. минута Фулам ги однесе бодовите од „Енфилд Роуд“ и ја продолжи големата криза кај англискиот шампион Ливерпул.

Гостите го постигнаа единствениот погодок на мечот во финишот на првото полувреме, постојано се закануваа со контранапади, но и издржаа канонада од напади на домаќините.

 

https://twitter.com/Utdlnterest/status/1368574644966596613?s=20

Ливерпул со поразот денеска испиша негативен клупски рекорд со шестти пораз по ред на „Енфилд роуд“ нешто што никогаш не им се случило од постоењето на Премиерлигата.

Фулам освои огромни три бода во битката за опстанок и сега се израмни со Брајтон на 26 бода, иако сџе уште е во опасната зона за испаѓање со полоша гол-разлика од популарните Галеби.

- Оглас -

Најнови вести