Шампионот на Англија се посрамоти, но и на време се разбуди – Една недела го бараа парнерот на интернет и го раскинаа договорот

Манчестер сити ја прекина соработката со фирмата „3Кеј“, која се занимава со криптовалути, а партнерството траеше помалку од една недела.

Во текот на минатата седимица беше објавена соработката на англискиот шампион и фирмата „3Кеј“, но се случи интересен пресврт.

Популарните Граѓани биле предупредени дека се работи за сомнителна фирма. Проверката покажала дека извршниот директор на „3Кеј“ го нема на интернет, по што Манчестер сити одлучи да ја прекине соработката на самиот старт.

 

- Оглас -

Најнови вести